Врховен до Антикорупциска: Судиите секогаш сами се изземале ако е во прашање непристасноста

274

Врховниот суд ѝ одговори на Антикорупциската комисија која вчера им порача на судиите дека оние против кои се отворени постапки во Судскиот совет за разрешување од функциите, не треба да учествуваат во расправата и одлучувањето на општата седница каде ќе се утврдува начелното правно мислење по поднесените иницијативи.

Во прашање е иницијатива со која двајца адвокати бараат Врховен да се произнесе дали за судиите за кои се бара разрешување ќе важи новиот закон кој е поблаг односнпо овозможува наместо разрешување да има и само дисциплинска постапка. Антикорупциска реагираше затоа што во тек се постапки за разрешување на врховни судии, меѓу кои и претсетедателот Јово Вангеловски, кои судии сега би требало да одлучуваат за споменатата иницијатива.

Откако антикорупционерите ги искараа, од Врховен денеска одговараат дека тие постапуваат согласно уставните и законските надлежности, применувајќи ги притоа Уставот, законите, меѓународните ратификувани договори, како и праксата на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно Уставот се самостојни и независни во своето одлучување и при вршење на задачите од својата надлежност пред се оценуваат дали има законски пречки да постапуваат во конкретен предмет. Притоа, судиите се раководат од законски предвидените основи за изземање, вклучително и субјективниот тест, односно дали судијата смета дека постојат околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност. Во досегашната пракса судиите кои постапуваат по конкретни предмети, секогаш се изземале во постапки во кои постоеле причини за изземање, вклучително и во постапки по предмети за кои се одлучувало на Општа седница, при што не подлегнуваат на било какви надворешни притисоци“, наведуваат од судот.

Само за илустрација, потенцираат од Врховен, во текот на минатата година се донесени вкупно 150 решенија за изземање на судии, од кои 146 се донесени врз основа на барање на судија.

„Таквата пракса ќе продолжи и во иднина, независно од надворешни влијанија, затоа што судиите се самостојни и независни во носењето на судски одлуки“, велат од Врховен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...