Вртете слободно, роамингот кон земјите од Западен Балкан поевтини за 99 отсто

Најавени се и пониски цени и кон Грција, но ќе треба да се почекаат изборите кај овој сосед.

1238

Граѓаните од денеска при секое патување во земјите од регионот (Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија) ќе можат да користат интернет, да праќаат СМС, да повикуваат и да примаат повици по цени пониски и до 99 отсто, информира министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

– Тоа конкретно ќе значи дека граѓаните ќе можат да вршат повици кон земјите од Западен Балкан, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово по цена од 5,4 денари по минута со вклучен ДДВ. Досегашната цена во просек изнесуваше 75, 4 денари. Ќе можат да примаат повици по цена од 2,9 денари за минута. Досегашната цена беше 30,2 денари. Ќе можат да праќаат СМС по цена од 2,6 денари.Досегашната цена во просек беше 16,1 денар. Ќе можат да користат интернет по цена од 1,9 денари по мегабајт. Досегашната цена бепе 257,4 денари Цените се линеарни и важат за сите земји и оператори со вклучен ДДВ- рече Манчевски.

Намалувањето на цените за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина за појдовни повици е за 68,58 отсто, за дојдовни повици 31,67 отсто и за СМС 71,40 отсто и за интернет 89,40 отсто, додека за Албанија и Косово намалувањето на цената во сите сегменти е околу 93 отсто.

Манчевски информира дека на 1 јули 2021 година во целост ќе стапи на сила роаминг како од дома.

– Разговорите се веќе почнати за ова, но во истовремеод 2021 година ќе почнат и преговорите со Европската унија, оти прво треба да го решиме проблемот во Западен Балкан – рече Манчевски.

Моментално со различни земји од Европската унија цените се различни.

Манчевски рече дека и со Грција се преговара да се воведе ваков пакет, по изборите во оваа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...