Врнежливо време и денеска

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица.

247

Времето во земјата ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни претпладне во јужните и источните делови каде што попладне ќе завршуваат. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.

Утринската температура ќе се движи од седум до  15, а  дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје, претежно облачно со умерен до повремено пороен дожд и со северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Нови врнежи ќе има во почетокот на наредната седмица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...