Врнежи а на места и грмежи

216
20151020 Tuesday 1317 dozd esen vrne nevreme vrnezlivo dozdlivo loso vreme ladno tmurno

Времето во земјава денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд кои на повеќе места се очекува да бидат пообилни (над 20 л/м2), а локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 11 степени, а дневната температура од шест до 16 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...