Време е за дома…

После објавувањето на прифатениот предлог од страна на Заев, секое нивно негирање, понатамошно условување, ќе ја засилува нашата преговарачка позиција, што подразбира дека јавното објавување на предлогот за можно прифатливо име на нашата држава, е одличен потег на владата и на Заев. Грците нека мрчат, колку сакаат.

2286

Слепото следење на политичкиот лидер предизвикува многу поголема штета за лидерот и неговите политики, одошто покажува реална поdдршка. Таквите подржувачи треба брзо да се дистанцираат на пристојно растојание, за штетните ефекти да бидат со помал интензитет. Нема лидер, премиер, влада и министри кои постојано влечат исправни потези. На оние за кои апла се гледа дека се погрешни, токму најблиските треба да реагираат со отворена критика, наполно исто како што јавно и отворено ќе им дадат поддршка за позитивните потези и чекори.

За жал, интернетов е просто преплавен од коментарите на неколкумина обезличени слепци, кои постојано даваат поддршка, бранат и тоа што не се брани, воспеваат и тоа што апла ги погребува. Како и да е, мојата порака на повикот на премиерот „приклучете се“ е следна: Друже Зоране Заев, ја имаш мојата целосна поддршка на патот кон конечно решавање на спорот со Грците…

Читам некои коментари во врска со објавувањето на можното име на државава од страна на Заев и главно тие се од типот: глупчо, прифатил сѐ, дури и промена на Уставот, се истрча како прле пред магаре, за Грците веднаш да го негираат договореното помеѓу Ципрас и Заев во Софија, лажго, тука ја завршил политичката кариера и така натаму. И ги прашувам идиотокоментаторите:
Изјавата дека имаат заедничко прифатливо решение, дека двајцата премиери долго во ноќта се усогласиле за предлогот „Република Илинденска Македонија“, дека за тоа ќе треба да се согласат и државите, Заев ја кажа на прес-конференција во присуство на Ципрас, во Софија, на очиглед и директен дослух на европската елита. Немаше никаков демант од страна на Ципрас, ниту од кој било друг, или каков било облик на негодувања, несогласувања кои, овој, еден ден подоцна ќе ги посочи како изјава на Заев, во која, ете, завиткано, се крие лагата на нашиот премиер. Глупости на гуг’л. Значи, тука ставам голема точка. Предлогот бил заемно прифатен и Заев не лаже во случајов. Туку некој друг немал муда, како што нашиов премиер го пренесе кај своите граѓани, истото да го стори пред неговите…

Откако почна да се шпекулира за „Република Илинденска Македонија“, во Грција почнаа срамежливо да негодуваат, а откако се насети дека Заев тоа и јавно ќе им го соопшти на македонските граѓани, после лидерската средба, грчката страна погласно и од веќе официјални државни кругови почна да го негира кажаното на Заев, испраќајќи пораки за несогласување со веќе прифатеното. И тука ставам голема точка, која заклучува дека Грците заедно со Ципрас лажат…

После објавувањето на прифатениот предлог од страна на Заев, секое нивно негирање, понатамошно условување, ќе ја засилува нашата преговарачка позиција, што подразбира дека јавното објавување на предлогот за можно прифатливо име на нашата држава, е одличен потег на владата и на Заев. Грците нека мрчат, колку сакаат.

И на крајот… Се согласувам со повикот на Владе Милчин. Време е за „тајм аут“ во преговорите со Грција. После вчерашната изјава, Заев треба да се посвети на домашните проблеми и дефекти во владата, да се исчисти грдото функционерско однесување, да се престројат партиските ешалони, да се „впрегнат“ некои од градоначалниците во „орање“ на локалните ниви, кои најавуваат забеганост, опуштеност и раскалашеност во позициите, енергично да почнат да се спроведуваат реформите во правосудството, да се интезивира работата на работните групи за да се скусат роковите за реализација на правосудните реформи, јавно да се дистанцира од гласовите на Амди, на Авировиќка и слични со избегнување на каков било пазар за добивање позиции, туку со услов, ако мислат, односно, му веруваат дека е на добар пат, дека е досега најдобар премиер, тогаш, гласовите да ги дадат бланко, без никакво политичко уценување за одредени позиции, дури и оние за чистачи на улици и шишачи на градската трева покрај булеварите, и јавно да се дистанцира од сличните крлежи длабоко жбрцани во македонската граѓанска каса, да ги дисциплинира пратениците во сопствените редови, и што поскоро граѓаните да ја почувствуваат вистинската независност на судовите за конечно да ја помирисаат долгоочекуваната правда, да го постави бројчаникот на триумфална, да ги крене теписите од сите кабинети на неговите функционери, и да ги извади на виделина затрупаните проблеми со кои секојдневно се соочуваат граѓаните, да најде законски решенија за да ги елиминира извршителите, да ги одблокира граѓанските сметки блокирани од истите, да ги затвори фирмите кои на граѓаните им нудат „брзи бескаматни кредити“, за најмалку пет пати да ги зголеми давачките на спортските обложувалници и коцкарници, и таканатаму…

Значи, Заев, после вчерашната изјава, имаш комоција од најмалку шест месеци да се посветиш на работите дома, а за евентуалните дополнителни преговори со Грција, остави го Димитров нека ги дупи Грците додека може. Беше јасен и гласен на тој план вчера, време е за дома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...