Времето топло, температура до 28 степени

119

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните делови. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд.

Утринската темература ќе се движи во интервалот од пет до 12 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 28 степени.

Во Скопје слично време со температура до 26 степени Целзиусови.

И во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови, главно во западните планински подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен дожд, освен во понеделник кога на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи и ќе дува засилен југоисточен ветер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...