Времено згрижените со можност за стан и вработување

194

Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои информацијата со списокот на станари кои живеат во становите на Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, и донесе одлука да биде изготвена информација за податоци за неплатени давачки, како и за социјалниот статус на лицето на кое е доделен стан под закуп, информираа од Владата.

Како еден од заклучоците, се задолжуваат Министерство за труд и социјална политика во соработка со Акционерското Друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје, во рок од десет работни дена да формираат мобилни инспекции кои ќе вршат теренска контрола на корисниците на станови под закуп и за спроведената контрола да ја информираат Владата на Република Македонија, најдоцна до крајот на февруари 2019 година.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...