Вредноста на Манчестер Јунајтед се намалила за над 1,2 милијарди фунти

154

Вредноста на англискиот фудбалски гигант, Манчестер Јунајтед на Њујоршката берза се намалила за повеќе од 1,2 милијарди фунти, по слабата сезона 2018/2019, пишува „Мирор“.

Минатата година, акциите на клубот од „Олд Трафорд“ се тргуваа за 21,82 фунти, а на последната сесија, цената изнесуваше само 14,24 фунти. Тоа значи дека Манчестер Јунајтед „паднале“ од 3,51 милијарди фунти до 2,25 милијарди фунти.

Тимот не успеа да освои трофеј во 2018/2019 година, завршувајќи шести во Премиер Лигата со 32 поени зад шампионот Манчестер Сити и нема да игра во Лигата на шампионите следната година.

Обожавателите на „црвените ѓаволи“ веќе некое време се во конфликт со сопствениците на клубот, семејството Глејзер, кои го купија тимот од „Олд Трафорд“ за 790 милиони фунти во 2003 година

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...