Вредноста на македонските обврзници расте по ратификацијата на Преспанскиот договор

Македонската државна обврзница вчера ја достигна највисоката вредност во последнава година, со раст од 3,5 отсто само во последните десет дена.

294
EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Mакедонските државни обврзници стануваат се поатрактивни за инвеститорите, се намалуваат каматите на еврообврзниците, а долгот станува потенок, по ратификацијата на Преспанскиот договор од страна на грчкиот парламент, оценуваат експерти кои ги пренесуваат светски медиуми.

Македонската државна обврзница вчера ја достигна највисоката вредност во последнава година, со раст од 3,5 отсто само во последните десет дена.

Евидентен е и падот на каматата на државната еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2018 година која доспева за исплата во 2025 година. Вчера каматата падна на најниско ниво во последната година – 2.51 отсто од 2.75 отсто.

– Македонија е кредит кој се движи во вистинска насока. По спогодбата, можеме да го видиме приклучувањето на државата во НАТО, а набргу ќе биде и кандидат за ЕУ – изјави за Ројтерс, Марк Даудинг, менаџер во Фондот „Блу Беј Асет менаџмент“.

Медиумите поместување во однос на атрактивноста и долгот гледаат и кај Грција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...