Десетмина се повредени откако во нив удрило возило додека се враќале од погреб, вчера на локалниот пат во селото Горно Орашје-Тетово, соопшти полицијата.
Вчера во 13.30 часот на локалниот пат во селото Горно Орашје-Тетово, М.Ј.(61) од Мала Речица, Тетовско, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ удрил во пешаците А.В. (75) од Јажинце, И.З. (76) од Непроштено, Џ.А. (58) од Доброште, Р.А.(73) од Орашје, А.А. (67) од Орашје, Р.М. (55) од Орашје, Ќ.М. (65) од Пршовце, А.А.(71) од Орашје, Б.Н. (46) од Орашје и С.Џ. (60) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.В., кој бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Додека со телесни повреди се здобиле останатите пешаци.
Како што сведочат жителите, несреќата се случила на патот кој водел од селските гробишта, откако завршил погребот на кој присуствувале сите десет повредени лица, како и возачот. Возачот изгубил контрола над возилото и удрил во пешаците.