Британската пејачка Адел (31) и нејзиниот поранешен сопруг Симон Конецки имаат луксузни вили кои се наоѓаат една до друга. Двојката купила една куќа во 2016 година за 7,63 милиони долари, а другата во мај годинава за 8,63 милиони долари, пренесува „Мирор“.
Сега е откриено дека поранешните сопружници живеат еден покрај друг, а веста за тоа се појави еден ден откако двојката објави дека ќе го делат старателството над нивниот син, Анџело.
Претставници рекоа дека Адел решила да се грижи за своето дете заедно со сопругот, но тие сакаат да ја заштитат нивната приватност.
Адел и Симон започнаа да се забавуваат во летото 2011 година, а само една година подоцна, нивниот син дојде на свет.
Тие тајно се венчаа и не ја потврдија веста сè до 2017 година. Само две години подоцна тие се разведуваат.