Вработен на скопски аеродром пренесен на Клиника, се повредил на работа

1874

Вработен на аеродромот во Скопје вчера веќер бил пренесенна Клиника поради повреда на работно место.

-Вчера во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „,Мајка Тереза’’ со повреди бил донесен Б.Б.(29) од Скопје, вработен на Меѓународен аеродром Скопје, стои во соопштение од МВР.

По преземени мерки било утврдено дека околу 23.00 часот, додека извршувал работни задачи, се здобил со тешки телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...