32-годишен велешанец, со иницијали Д.А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се товари дека го оштетил Министерството за над 7.000 евра, присвојувајќи си осум службени телефони.
Против него е поднесена кривична пријава за две кривични дела „проневера во службата“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“.
Д.А. бил вработен како помлад соработник за нормативно правни работи, а се сомничи дека кривичното дело Жго сторил на 15.05.2017 година кога ги присвоил мобилните телефони.