Вработен во МВР нападнал граѓанин што чекал за лична карта

397

Вработен нападнал граѓанин што чекал за лична карта во Управните служби на МВР во зградата на МРТВ, соопшти полицијата.

Вчера во 17.20 часот во Полициска станица „Центар“, Д.М. (38) од Скопје, пријавил дека околу 16 часот на улица „Кеј Димитар Влахов“ во МРТВ – Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта бил физички нападнат од вработен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...