Вработен во „Македонски шуми“ се повредил на „Голем Љубаш“

110
20051230 Friday 0048 Klinicki centar Majka Tereza Vlez

Вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ бил повреден вчера на работно место во Кавадарци.

Во болницата во Кавадарци со повреди бил донесен Ѓ.С. (56), вработен во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – подружница „Бор“, од истиот град. По укажаната помош, тој бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Ѓ.С. се здобил со повреди додека извршувал работни задачи вчера околу 11 часот на местото викано „Голем Љубаш“. Увид на местото извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...