Вработен во ЕВН починал од струен удар, информираат од МВР.
– Вчера во 12 часот било пријавено дека во село Подржикоњ – Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар, констатирано од лекар на Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција – соопштуваат од МВР.