Вработените од фирмата „Секјуриком“ денеска повторно се собраа пред владината зграда во Скопје на протест поради три неисплатени плати за јуни, јули и август. Тие бараат средба со владин претставник за да се најде чаре за нивниот проблем.
Австриецот, Волфганг Гампер, сопственикот на „Секјуриком“ кој е осомничен за злоупотреби, се бара со меѓународна и интерна потерница.
Тој е осомничен дека со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски, сториле криминал тежок 11 милиони евра со тендер за одржување на просториите на Владата.