Вработените во училиштата во Хрватска денеска на штрајк

58

Просветните работници во основните и средните училишта во Хрватска денеска стапуваат во штрајк, најавија Независниот синдикат во средните училишта и Синдикатот на хрватските училишта.

Претставниците на двата образовни синдикати изјавија дека е прекинат социјалниот дијалог, но оти се надеваат дека истиот ќе продолжи.

Тие истакнаа дека понудата на премиерот Андреј Пленковиќ за зголемување на основната плата не е исто што и зголемувањето на коефициентот на сложеност на работата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...