Вработените во ОКТА донираа 280 оброци за социјално загрозените семејства

50

Вработените во ОКТА уште еднаш ја покажаа својата хуманост, активно вклучувајќи се во одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот.
Со колективно откажување од своите дневни купони за храна, вработените собраа
парични средства со кои се обезбеди донација од 280 оброци за социјално
загрозените семејства во државата.

Пакетите со храна, преку Црвениот крст, како и минатата година, ќе бидат доставени до жителите на руралните средини кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. Поддршката на иницијативата и масовноста на одѕивот од вработените се зголемува секоја година, што е потврда дека во компанијата постојано се надградува свеста за потребата од социјално одговорен ангажман.

Во рамките на оваа општествено одговорна активност, традиционално беше
организирана и крводарителска акција во која учествуваа 100 крводарители од
компанијата. Дарувањето крв е една од хуманите активности по кои ОКТА е
препознатлива уште од почетокот на работењето на компанијата. Од 1982 година до
денес се одржани над 130 крводарителски акции.

Од компанијата велат дека се особено горди што токму вработените се иницијатори на
голем број волонтерски и хуманитарни активности што е најдобар доказ дека токму
тие се еден од главните столбови на политиката за корпоративна општествена
одговорност на ОКТА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...