Пензионерка која работела во МВР, денеска во Кривичниот суд сведочеше за изборните нерегуларности во случајот „Титаник“.
Виолета Димитриевска работела во одделението за добивање матични броеви и државјанства и раскажа за тоа дека во периодот од април 2014 до април 2015 била заобиколувана процедурата.
– И јас направив исклучок по известување од Мунир Пепиќ, кој работеше во истиот објек, но под Министерството за правда, дојде и ми рече дека се враќа откај мојата началничка Надица Велевска која му кажала да примам барања од лица кои живеат во Брод и Драгаш, Косово, а кои што исполнуваат услов за државјанство, но нема да доаѓаат лично, поради лоша материјална состојба, туку имаат свој претставник кој ќе ги носи барањата, а јас да ги примам. По тоа што ми го кажа се качив кај началничката и кога ја прашав за што станува збор ми рече „што да ти кажам, што да ти речам – сведочеше пензионерката.
Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, како и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.