Вчера во 12.00 часот во ПС Кочани, Љ.Л.(31) од Кочани вработена во Јавна општинска установа детска градинка на улицата „9 Мај“ во Кочани пријавила дека истиот ден околу 08.30 часот, додека била на работа, О.Ц.(33) од Кочани упатувал сериозни закани по нејзиниот и животот на останатите вработени и физички ги нападнал, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
– Полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во ПС Кочани веднаш е повикан О.Ц. и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.