Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо, забрани да се продаваат какви било ароми за е-цигари освен никотин и ментол, пренесе Канал 5 телевизија.
Куомо ја презеде оваа мерка, откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е-цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за многу кратко време се прошири и веќе ја зеде и четвртата жртва.
Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на организмот, што не се лекува.
Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари, а особено електронски е многу опасно, а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е-цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.