Просечната исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2019, изнесувала 25.205 денари (409 евра) и е за 4,1 отсто поголема од јуни минатата година.
Според Државниот завод за статистика, највисоко зголемување на платите имале секторите: „дејности на здравствена и социјална заштита“ (11,7 %), „транспорт и складирање“ (10,3 %) и „градежништво“ (5,4 %).
Највисок просек на плата имаат вработените во дејностите „компјутерско програмирање и консултантски“ која во јуни изнесувала 60.027 денари (976 евра)
Најниска плата пак имаат вработените во секторот „производство на кожа и
слични производи од кожа“ која изнесувала 15.086 денари (245 евра) и „рибарство и аквакултура“ каде што просечно исплатена нето плата во јуни изнесувала 15.436 денари.
Просечната бруто-плата, пак, во јуни 2019 година изнесувала 37.440 денари.