Во Јапонија живеат речиси 70.000 стогодишници

Од вкупно 69.785 лица постари од сто години, бројот на мажи е 8.331, што е за 139 лица повеќе во однос на лани, додека во Јапонија во моментов живеат 61.454 жени кои веќе го прославиле стотиот роденден.

457

Во Јапонија во моментов живеат вкупно 69.785 стогодишници, што претставува рекорден број луѓе во оваа земја кои имаат повеќе од 100 години, соопштило јапонското министерство за здравство.

Бројот на стогодишници во однос на минатата година пораснал за 2.014, со што продолжил трендот на раст на нивниот број последните 48 години.

Од вкупно 69.785 лица постари од сто години, бројот на мажи е 8.331, што е за 139 лица повеќе во однос на лани, додека во Јапонија во моментов живеат 61.454 жени кои веќе го прославиле стотиот роденден.

Просечниот животен век во 2017 година за жените во Јапонија е 87 години, додека за мажите е 81 година.

Масазо Нонака од островот Хокаидо во април влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстар маж на планетата со 113 години, а Кане Танака од Фукуока како најстара жена со 115 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...