Урмите се богати со природен шеќер кој е одлична замена за обичниот. Урмите го намалуваат чувството за глад, се вистинска природна мултивитаминска таблета, поради што се препорачуваат и за возрасните и за децата.
Помагаат кај анемијата, високиот крвен притисок, холестерол, дури и во борбата против ракот.
Исто така, содржат лутеин и зеаксантин, поради што ги нарекуваат витамини за очи, па доколку сакате да го сочувате видот јадете го колку што можете почесто ова овошје. Урмите се богати и со калиум кој е добар против пролив. Нивното редовно консумирање помага црвената флора побрзо да се обнови, но го стимулира и создавањето на добрите бактерии во цревата.
Изобилуваат со природни влакна кои благотворно влијаат на работата на цревата. Ако имате проблем со мрзливи црева, би било добро навечер да ставите неколку урми во вода. Тие во текот на ноќта ќе пуштат сок кој е одличен лаксатив.