Во Шпанија уапсени 83 лица поради местење резултати во тенисот

112

Шпанската полиција уапси 83 лица, од кои 28 професионални тенисери, поради местење резултати на фјучерс и челинџер турнири, објави „Европол“.

Како што се наведува, меѓу уапсените нив е и еден тенисер кој минатата година учествувал на УС Опен, и се сомнева дека вкупно наместил 97 натпревари.

Сè било организирано од криминална банда од Ерменија, која ги поткупувала тенисерите да влијаат на резултатите со цел финансиска добивка, а за да ја обезбедат работата дури и присуствувале лично на некои од мечевите.

Во текот на операцијата за апсење во Шпанија, одземена е кеса со 167.000 евра, пушка сачмарка, поеќе од 50 електронски уреди, кредитни картички, пет луксузни автомобили, додека блокирани се 42 банкарски сметки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...