Повеќе од два милиони снимки и фотографии на кои е прикажано злоставување на деца одземени се во Шпанија при претрес на 19 куќи, при што се уапсени 19 лица, соопшти денеска Европол.
За време на претресот, полицијата одзела 11 лаптопи, 23 мобилни телефони, четири таблети, 11 хард дискови, седум УСБ и пет мемориски картички. За време на истрагата откриено е дека одземените апарати содржат вкупно 2.400.000 фотографии и видео снимки на злоставувани дева на возраст до осум години.
Европол наведе дека станува збор за најголема мрежа која снимала злоставување на деца ширум Европа и во САД.
Мрежата користела 14 различни групи по пат на инстант пораки за да ги споделува незаконските содржини, а поединците го криеле својот идентитет користејќи посебни софтвери за криење на идентитетот.
Пронајдените фотографии и видео снимки ќе бидат искористени за идентификација на жртвите.
Претресот и апсењата ги спроведе шпанската Национална полиција со помош на Европол и на Интерпол