Во чие име настапува пратеничката Александрова?

Откако медиумите ја објавија веста дека осуммината независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ денеска побарале оставка од лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за лицемерие поради тоа што ќе побарал од пратеничката група на неговата партија да поднесе иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО со одложено дејство, пратеничката Елизабета Канческа Милевска за Вечер вели дека не го осудува овој потег на Мицкоски.

6695

– Не сум запознаена ниту консултирана за пресот на колешката Емилија Александрова. Јас денеска не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела. Не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. Немам зошто да барам оставка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој на конгрес е легитимно избран претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и многу е јасно кој му ја дава и кој му ја одзема довербата – вели Канческа Милевска.

Пратеничката Александрова денеска во Парламентот, од име на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие ќе побараат оставка од Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.

loading...