Во четири училишта ќе се воведе пилот програма за сексуално образование

Сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование ќе има во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.

365

Владата на денешната седница ја прифатила Информацијата на Министерството за образование и наука за воведување пилот програма за сеопфатно сексуално образование во 9-тиот степен на основното образование во четири училишта, две во урбана средина, едно во рурална средина и едно училиште каде мнозинство од учениците се од малцинските етнички заедници.

Пилотирањето, согласно Акцискиот план е предвидено дапочне со реализација во 2021 година, откако претходно ќе бидат завршени сите планирани чекори: изработка на материјали за обука на наставниците, обука на наставниците и изработка и пилотирање на инструментите за евалуација на пилот програмата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...