Кејт Мидлтон не се откажува од традицијата. Денеска нејзиниот син принцот Џорџ Александар Луис полни шест години и таа со светот ги сподели неговите нови фотографии.
За фотографиите на принцот Џорџ е заслужeн и таткото, принцот Вилијам, икако не е тајна дека автор на фотографиите (како и на сите претходни роденденски, семејни) е мајката Кејт Мидлтон.
Не е тајна дека војвотката од Кембриџ ја води Инстаграм-страницата на Кенсингтонската палата, каде што фотографиите се појавија како најава за големиот настан. Фотографиите се создадени во градината на Палатата, а Џорџ позира генијално. Таа дарба ја покажа уште пред неколку години, кога и светот беше изненаден од умешноста на позирањето.
Се подготвува голема фешта за роденденот на третиот по ред наследник на британската круна. Џорџ е идниот крал на Британија, па затоа не е чудно што, сепак, на него се фокусира најголемото внимание на медиумите.
Нонстоп го следат, а понекогаш по влијателноста ги надминува и сестрата Шарлот Елизабет Дајана и братот Луј Артур Чарлс.
FOTO: Instagram/Printskrin