Во чест на Македонија е разгорен вечниот оган во Париз

1646

Во Париз, во чест на  Денот на независноста на Македонија  – 8 Септември, вчера беше организирана церемонијата на „Разгорување на вечниот оган“ на споменикот на непознатиот војник под Триумфалната капија.

По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, амбасадорката Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.

Вечниот оган за прв пат е запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден точно во 18.30 часот.

Настанот беше овозможен од Унијата на асоцијациите „Огнот под Триумфалната капија – Оган на нацијата” и се организира за прв пат од осамостојувањето на нашата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...