Во чест на загинатите во Диво Насеље велосипедисти со почесен круг од Куманово до Гостивар

375

По повод годишнината од трагичните настани во кумановско Диво насеље, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“,на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти а на релација Куманово-Гостивар.

Турата ќе започне во 07 часот со старт од бензинската пумпа на „Макпетрол“ на влезот во Куманово и ќе продолжи по автопатот до Скопје, потоа низ градот Скопје и тоа до гробиштата во село Студеничани, „Камник“, преку село Стајковци, кај гробиштата „Бутел“, касарна „Илинден“ и „Ѓорче Петров“, од каде ќе продолжи по автопатот до Тетово – градски гробишта, кон село Брвеница, па во продолжение по автопатот до гостиварското село Зубовце и ќе заврши на гробиштата во Гостивар.

„Велосипедската тура ќе се одвива во услови на редовен сообраќај, со движење по десната страна на коловозот во правец на движење и пропуштање на учесниците во истата од страна на сообраќајната полиција на семафоризирани и пофрекфрентни крстосници.Токму заради тоа, а со цел непречено одвивање на најавениот настан, МВР работи апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива велосипедската тура“, велат од министерството.

Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...