Во Црна Гора казна и до 20.000 евра за употреба на пластични кеси

343

Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора предлага закон за забрана на кеси, вреќи и торби за еднократна потреба изработени од пластика што се користат во продавниците.

Предлог-законот превидува парични казни од 500 до 20.000 евра за правното лице кое ќе го прекрши законот, од 500 до 6.000 евра за претприемачите и од 30 евра до 2.000 евра за физичко лице.

Законот ќе почне да се применува шест месеци од неговото стапување во сила.

Во соопштението од црногорското Министерство за одржлив развој и туризам предлог-законот е со цел перманентно да се намали загадувањето на животната средина со пластичните кеси.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...