По двата силни земјотреси, кои вчера после 16 часот ја погодија Албанија, а многу силно се почувствуваа и во Црна Гора, Заводот за сеизмологија на Црна Гора регистрирал повеќе од 60 земјотреси со помала магнитуда, соопшти сеизмологот Марин Чавелиќ.
Тој за РТЦГ истакна дека по толку силни земјотреси вообичаена е серија помали, која сигурно ќе трае и наредните денови.
– Силен земјотрес се случи и синоќа, седум минути после полноќ. Земјотресот беше со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, а регистриран е на истата локација како и претходниот, 34 километри западно од Тирана, во Јадранското Море – рече Чавелиќ.
Во регионот во текот на ноќта имало најмалку пет земјотреси.