Собрани се 14 тони кабаст отпад во акцијата која Општина Центар ја организираше вчера, во соработка со ЈП Комунална хигиена и Град Скопје. Граѓаните го оставаа својот отпад на трите поставени во Дебар Маало, кај Универзална сама и Зелен пазар, соопшти Општината.
Во рамки на вчерашаната акција се чистеа улици и се уредуваа јавните површини на целата територија на Општина Центар. Во неа учествуваше општината, со 100 работници и целосната механизација, како и службите од Град Скопје и ЈП Комунална хигиена.
Општина Центар продолжува со редовните активности за одржување на чистота на својата територија. Апелираме до граѓаните правилно да го одложуваат отпадот. Хигиената на јавните површини и заштита на животната средина се наш заеднички приоритет.