Во Центар пајакот кренал 115 возила, а 102 биле блокирани

510

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 217 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05. до 11.08.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 115 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „блокатор“ санкционирани се 102 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...