Заврши хуманитарната кампања „Sunflower“ преку која пратениците од Македонија, Албанија и Косово собраа околу 60 илјади евра за купување нови апарати на Онкологија.
Со купување маички од 1.200 денари на која е насликан сончоглед, пратениците од Собранието на Република Македонија се вклучија во кампањата за помош на децата хоспитализирани на Клиниката за Онкологија.
Во акцијата учествуваа сите 120 пратеници од Собранието, како и дел од собраниските служби.
Оваа активност е во рамки на хуманитарната кампања „Македонија ти си сончоглед“ чија цел е подобрување на условите за лекување на децата од најтешките болести, како што се ракот или леукемијата.