Во Хрватска попладнево е издадено црвено предупредување од Државниот хидрометеоролошки завод за следните два дена, кога се очекуваат вистински зимски услови и на копно и на море.
Метеролозите најавуваат пороен дожд, со силна бура, а на северот на земјата можен е и снег. Потопло време се очекува од четврток.
Црвениот аларм посебно се однесува на утрешниот ден за подрачјето на Лика и Горски Котор, каде се очекува снег и поледица, а за Истра и Јадранското Море објавен е портокалов аларм. За јужниот дел на Хрватска издадено е портокалово предупредување поради можен пороен дожд.