Во Холандија затвориле школско игралиште оти децата биле прегласни

222

Едно основно училиште во Холандија го затвори игралиштето за деца откако станарите во околните згради реагирале дека децата биле прегласни.

Локалните власти по нивната реакција донеле одлука за затворање на игралиштето.

Забраната за користење на игралиштето во училиштето „Де Бут“ во Најмеген важи до крајот на месецот, а за нејзино прекршување следи казна од 10.000 евра.

Директорот на училиштето Јанеке Колсен смета дека „тоа е бизарна ситуација и не е во ред за децата“.

Локалниот канцелар Ноел Вергунст рече дека властите морале нешто да преземат, бидејќи биле надминати стандардите со кои се регулира нивото на бучава. Дозволени се 70 децибели, а по мерењето се утврдило деца децата создаваат бучава од 88 децибели.

Инаку, холандските деца, според истражувањето на УНИЦЕФ, се најсреќни деца во светот, затоа што нивното образование е засновано на учење низ игра и немаат притисок за правење тестови на помала возраст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...