Во Франција има 120 напади со нож или друго ладно оружје секој ден

На 11 февруари, во Ле Лилас (Сена-Сен Дени), еден возач почина избоден со нож од друг, за вулгарна приказна за местото во редицата на бензинската пума. Ден порано, во Монпелје (Херо), беше пронајдена 18-годишна млада жена помеѓу животот и смртта, нејзиното тело прободено, во стан.

99

Дали Франција ќе стане земја каде ножевите се вадат и при најмала расправија? Прашањето е далеку од тривијално, бидејќи вестите во црната хроника се побројни од недела на недела, според статистиката дневно просечно има 120 напади ширум земјата, јавува дописникот на МИА.

На 11 февруари, во Ле Лилас (Сена-Сен Дени), еден возач почина избоден со нож од друг, за вулгарна приказна за местото во редицата на бензинската пума. Ден порано, во Монпелје (Херо), беше пронајдена 18-годишна млада жена помеѓу животот и смртта, нејзиното тело прободено, во стан што таа го изнајмила во близина на железничката станица Сен Рош. На 7 февруари, во истиот град, 30-годишна жена беше обезличена со нож по расправија со нејзиното поранешно момче, кога сакаше да ги врати клучевите во нивниот поранешен брачен дом.

На 3 февруари имаше и напад со нож во жандармеријата во Дијуз (Мозел) од страна на 19-годишен војник, тврдејќи дека дејствувал во име на ИСИС. Минатиот 29 јануари, беше одбележан со драматичната тепачка во квартот Гранж-о-Белес, во Париз (10-ти арондисман), во која учествуваа триесетина тинејџери, меѓу кои и еден, на возраст од едвај 14 години, кој почина откако бил прободен со нож од напаѓач од иста возраст. Вака може да се продолжи до бескрај со набројување на сите регистрирани напади.

Дневните резимеа што доаѓаат во министерството за внатрешни работи во Париз, се полни со инциденти во кои протагонистите, од сите возрасти и од сите потекла, напаѓаат или преземаат правда со остри предмети, секач, секира, мачета, сор и слично.

– Имаше многу тепачки во камповите на мигрантите, особено меѓу Авганистанците, Еритрејанците и Сомалијците, кои завршија со удари, на северот на Париз. Раселувањето на овие места е од корист, вели еден париски функционер за „Фигаро“. Кој вели дека е „свесен за радикализацијата на однесувањето“,трезвено додавајќи: „Луѓето имаат дефинитивни гестови“.

Самите градоначалници велат дека се повеќе и повеќе надвладува оваа клима на тензии што поминува низ општеството. За време на сослушувањето во Сенатот, во октомври 2019 година, градоначалниците поканети да зборуваат, истакнаа серија инциденти, кои го откриваат, во нивните очи, контекстот на насилството. Според еден градоначалник за време на неговиот мандат имало 14 напади со нож, секира или мачета, но и 105 удари, 7 шлаканици, 32 напади со автомобил или скутер, 21 прободена гума, 12 запалени автомобили …

Но колку напади со ладно оружје има точно, во Франција, на полицијата и жандармеријата им е тешко да ги измерат. Во нивната статистичка библија, наречена „држава 4001“, само кражбите што предизвикуваат употреба на овој вид оружје имаат право на специфична статистика. Оттука откриваме дека насилните грабежи со оружје се зголемиле за 21% минатиот јануари, во однос на истиот период од 2018 година. Но, на подолг рок, од 2001 година, критична година во однос на деликвенција во Франција, кражбите со ножеви биле намалени за три пати, од околу 18 000 на 6.000 годишно.

И, несомнено, пред сè, во еволуцијата на убиства и обиди (со исклучок на кражба) кои опасно се зголемија во последните години, без притоа никој тоа да не го забележи. Овие дела со намери за убиство, без разлика дали делото било успешно или не, се зголемиле од приближно 2.200 инциденти на повеќе од 3.800 меѓу 2001 и 2019 година, што претставува зголемување од над 70%.

Во позадина, се забележува општо зголемување на насилството кое е повеќе од двојно зголемено од 2001 година, или меѓу луѓето или против оние кои имаат авторитет.

Што се однесува до трагедиите што доведоа до насилна смрт во брачните парови венчани или не (125 случаи во 2017 година), криминолозите беа во можност да проценат дека ладното оружје се користело во 34% од случаите. Сторителите инаку користеле огнено оружје (28%), оружје по дестинација (10%) или други средства, како што се задушување или удари..

Понатаму се забележува општо зголемување на насилството кое е повеќе од двојно зголемено од 2001 година, или помеѓу луѓе (околу 300 000 инциденти годишно денес) или против овластени лица (повеќе од 38.000 прекршоци пријавени во 2019 година).

Но, благодарение на Националната опсерваторија за деликвенција и кривични одговори ( која парадоксално беше распуштена на 31 декември), можеме да го добиеме најдобриот пристап кон феноменот. Нејзината последна студија, заснована на одговори на истражувањето на INSEE „Животна околина и безбедност“ за годините 2015 до 2017 година, бројот на жртви на напади од ладно оружје се проценува на 44,000, или повеќе од 120 жртви дневно во просек!

Оваа бројка одговара, всушност, на 37% од 118.000 луѓе кои пријавиле, секоја година, во просек, дека претрпеле физичко насилство од лице кое не живее со нив за време на настанот. Накратко, напади на јавен простор, без разлика дали се на улица, при излез од ноќен клуб, на работа или на училиште.

Меѓу овие 118.000 жртви на вооружен напад, 9% исто така тврдат дека станува збор за огнено оружје, 34% оружје по дестинација (тап предмет, стап, камен) и 20% од друг вид оружје (пендрек, солзавец). Притоа најчестиот напад е со нож.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...