Во Франција забранети се имплантите за гради кои се поврзуваат со редок вид на рак

Со забраната биле опфатени неколку модели на импланти со груба површина, произведени од страна на шест произведувачи.

134

Франција стана првата земја на светот која воведе забрана за импланти за гради кои се поврзуваат со редок вид на рак на имунолошкиот систем.

Со забраната биле опфатени неколку модели на импланти со груба површина, произведени од страна на шест произведувачи.
Како што се наведува, се верува дека околу 70 илјади жени ги вградиле забранетите импланти од вкупно 400 илјади жени во Франција кои направиле операција на градите. Донесената забрана претставува мерка на претпазливост, воведена поради „ретка, но сериозна опасност“, соопштила Националната агенција за лекови и здравствени производи.

Агенцијата навела дека се забележани 59 случаи на рак помеѓу жени кои вградиле импланти, а три од нив починале.

„Колку е имплантот погруб и порапав, толку е поголем ризикот од добивање на рак”, наведува Агенцијата и додава дека не постои научно објаснување за појава на болеста и дека истата се набљудува.

Истовремено, на жените им се советува да не се подложуваат на операции за отстранување на имплантите бидејќи ризикот од заболување е мал.

Инаку, во Франција во четвртокот почина основачот на компанијата PIP која произведувала силиконски импланти полнети со стандарден силиконски гел наместо медицински, кој пак доведувал до оштетувања на имплантите. Тој во 2013 година беше уапсен и осуден на 4-годишна затворска казна, но биле извезени 80 отсто импланти пред неговата компанија да биде затворена.

Ваквиот скандал погоди околу 300 илјади жени во 65 земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Германија, Венецуела и Бразил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...