Во Франција денеска нови 157 заболени од корона

Со новите заболувања, бројот на инфицирани во Франција од крајот на јануари попладнево ја достигна бројката од 577. Досега девет лица починале како последица од коронавирусот.

283

Два нови смртни случаи и 157 нови потврдени случаи на заболени од новиот коронавирус во Франција, јави дописникот на МИА.

Со новите заболувања, бројот на инфицирани во Франција од крајот на јануари попладнево ја достигна бројката од 577. Досега девет лица починале како последица од коронавирусот.

Мишел Луц, градоначалничката на Мулуз, каде епидемијата е присутна и стана едно од најголемите жаришта во Франција, одлучи да ги затвори музеите, музичкото училиште, библиотеките и сајмиштето. Околу Музлу во Горна Рајна за 48 часа бројот на заразените се зголеми за осумпати.

Овие мерки не се во сила низ цела Франција, каде се забранети само настаните во затворени простории, каде бројот на посетителите е над 5000 лица.
Инаку 150 училишта во Франција се затворени, 45.000 ученици и 3.000 наставници се во домашен карантин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...