Информација за вклучување на училишта во иницијативата за саморефлексија при користење на дигитална технологија во образовниот процес – употреба на алатката „SELFIE“ е усвоена денеска на седница на редовната седница на Владата.
Алатката веќе се употребува во 35 земји и е изработена од Заедничкиот истражувачки центар при Европската комисија (Join Research Centre – JRC).
Министерството за образование и наука треба да достави информација за процесот на пилотирање и планот за примена на национално ниво на „SELFIE“ алатката до крај на октомври годинава.
На владината седница е усвоена и Информација за вклучување на Меѓународната организација на трудот и дополнување на Неморандумот за соработка за обезбедување ефикасна и координирана соработка во спроведување на заедничка медиумска кампања за промовирање на стручните занимања и можностите за стручно образование во државава во периодот до 2021 година