Во Унгарија усмртени над 50.000 мисирки поради птичји грип

79

Унгарските власти уништија десетици илјади мисирки како мерка на претпазливост од појава и ширење на птичји грип.

Во една живинарска фарма во местото Акс, 95 километри западно од Будимпешта, биле усмртени 53.500 птици откако кај некои од нив е утврдено дека се заболени од вирусот Х5Н8, соопшти денеска агенцијата за контрола на храна Небих.

Овој тип на грип сѐ уште не е пренесен на луѓето, па затоа државата ветеринарна агенција нема издадено наредба за целосна изолација на живината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...