Во центарот на Токио почнува изградба на највисокиот зелен облакодер на светот. Изградбата на облакодерот висок 350 метри ќе чини 5,9 милијарди долари. Проектот наречен W350 предвидува 90 отсто од градежниот материјал да биде од дрво, додека остатокот ќе биде од вкрстени метални даски за зградата да биде отпорна на големата сеизмичка активност во Јапонија.
Градбата ќе има 70 ката, ќе има приватни станбени единици, јавни и работни простории на повеќе катови, хотел и продавници. Тераси ќе има на сите четири страни на зградата, ќе има тераса и на покривот која ќе биде покриена со зеленило.
Главната идеја е со изградбата на оваа зграда, како и на цела населба од дрва, до 2041 година јапонската престолнина да се трансформира во еколошки град на шума. Кога ќе биде завршена оваа зграда во Јапонија ќе биде највисока дрвена градба на светот.