Во тешка состојба се двајца патници од автобусот што излета кај Ласкарци

189
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Од повредените патници во сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово кај селото Ласкарци во моментов во тешка здравствена состојба се двајца пациенти, еден во Градската болница, а друг на КАРИЛ во Клиничкиот центар во Скопје.

Во Градската општа болница се наоѓаат осум пациенти, од кои еден е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба, информираа од Министерството за здравство.

На КАРИЛ, пак, во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни.

На Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка и таа во моментов е во стабилна состојба.

Пациентот кој беше сместен на трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...