Во тешка сообраќајка загина познат хрватски пејач ФОТО

Засега е утврдено дека Нешиќ возел „сузуки витара“ и бил сам во автомобилот...

5088

Сплитскиот музичар Игор Нешиќ (39) загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Дугопоље. Нешиќ беше член на сплитскиот бенд „Смајл“, јавија хрватските медиуми.

Нешиќ бил и инструктор по јавање коњи.

– Синоќа трагично не напушти нашиот драг колега, пејачот на бендот „Smile“, Игор Нешиќ. Драг колега, сега пеј и галопирај по бескрајните небесни патеки и почивај во мир. Сочувство до семејството“, објавија неговите колеги на Фејсбук.

По несреќата со тешки телесни повреди во болница биле превезени 32-годишниот Иван Кардум и 35-годишниот Мате Перишиќ.

Засега е утврдено дека Нешиќ возел „сузуки витара“ и бил сам во автомобилот, а од другата страна наишол БМВ пасат во кој се наоѓале Кардум и Перишиќ.

 

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...