Полициски службеници од Тетово во соработка со служби од Министерството за внатрешни работи привеле скопјанец по кого имало потерница за издржување затворска казна за дело од 2011 година, а во меѓувреме за него имало уште една пријава. Тој од жена од Селце се обидел да изнуди 10.000 евра.
– Вчера околу 19:20 часот, во угостителски објект на влезот во Тетово, приведен е 34-годишниот И.Р. од Скопје, по кого била распишана потерница за доиздржување на затворска казна. Тој со група од неколку лица во 2011 година извршил разбојничка кражба во позната тетовска златарница во центарот на градот. Инаку, вчера во 14 часот 34-годишната А.К. од тетовско Селце, која со И.Р. се запознала преку социјални мрежи, го пријавила за изнуда, зашто ѝ се заканувал по нејзиниот живот и ѝ барал 10.000 евра – информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
По приведувањето во СВР – Тетово, 34-годишниот скопјанец е предаден во Кaзнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје