Во терористички напад на Шри Ланка го изгубил семејството, со часови талкал крвав (ФОТО + ВИДЕО)

2784
ФОТО: Принтскрин / Фејсбук

Британецот Бен Николсон го изгубил целото семејство во терористички напад на Шри Ланка.

Четириесет и двегодишната сопруга Анита, 11-годишниот Алекс и ќерката Анабела настрадале додека чекале ред за појадок во хотелот „Шангри-Ла“. Покрај нив, терористот, пријавен под лажното име Мухамед Азам Мухамед, активирал бомба.

По експлозијата, Николсон ги барал најмилите, целиот крвав лутал по улиците низ градот, прашувал по болници и мртовечници. Во мртовечница го пронашол телото на синот.

– Го видов како избезумен лута по ходникот на болницата, целиот крвав. Одеше горе-долу. Зборуваше со мене два пати, ме праша за неговото семејство. Не беше повреден, имаше мали посекотини на увото и нозете. Ниту трчаше, ниту плачеше. Беше во шок. Само зборуваше за жената и децата. Ни беше жал, но бевме опкружени со толку мртви и повредени лица, па немавме време за подолг разговор со него – рекол очевидец.

За жал, брзо се дознало дека меѓу осумте Британци е и неговото семејство. Анита и Анабела биле прогласени за мртви пред да го пронајдат Алекс во мртовечница.

Бен и Анита работеле во Сингапур како адвокати, на Шри Ланка дошле со децата на одмор.

Претходно, милијардерот Андрес Холш Повлсен и неговата сопруга изгубија три од четири деца во терористички напад. Студентка од Лондон заедно со нејзината мајка исто така настрадале во масакрот.

ФОТО: Принтскрин / Фејсбук / Сан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...