Тел Авив ги презеде првите чекори за помош на пешаците кои се движат гледајќи во мобилните телефони. За таа цел, градските власти вградија сигнални ЛЕД светла на пешачките премини, наречени „зомби семафори“.
Томер Дрор, претставник на Градот Тел Авив, рече дека целта е намалување на несреќите предизвикани од несовесните пешаци кои се зависни од своите паметни телефони и не внимаваат на сообраќајот околу нив.
Слични системи веќе се користат во Австралија, Сингапур и Холандија.